саксофон | м.
Метален дувачки инструмент, карактеристичен за џез-оркестар.
саксофонист | м.
Тој што свири на саксофон.
сакула | ж.
Малечко торбиче.
сал | м.
Примитивно пловно средство; сплав.
сал | прил.
Само, единствено, исклучиво. Сите дојдоа, сал тој не дојде. Немаше никаде дрвце, сал песок и кал. Збор не прозборе, сал стоеше вџашено.
сала | ж.
Голема, пространа просторија за различни намени (приредби, концерти, состаноци, приеми итн.) Свечена сала. Спортска сала. Операциона сала. Сала за состаноци. Свечена сала на ресторанот.
салам | прид.
салама | ж.
Општ назив за сувомесни производи во форма на дебел колбас. Децата сакаа често за ужина сендвич со салама.
саламандер | м.
саламура | ж.
Солена вода со мирудии во која отстојува риба, месо, сирење и сл. Рибата се става малку време во саламура, па дури потоа се пече.