саламурен | прид.
Што се однесува на саламура. Саламурено месо. Саламурено сирење.
салана | ж.
Вид дрвено скеле на кое се суши пастрма.
салата | ж.
(бот.) Градинарско растение со зелени, сочни, кревки и набрани листови; марула; Lactuca sativa. Пролетна салата. Ги обожувам првите пролетни салати.
салатен | прид.
Што е наменет за салата. Салатен оцет. Салатна чинија.
салатник | м.
Длабок сад за салата. Стаклен салатник.
салаш | м.
Земјоделски имот заедно со придружните објекти што е оддалечен од градот.
салва | ж.
Почесен истрел од огнено оружје. Топовска салва. Салви на победата. Неколку салви беа истрелани во чест на хероите.
Салвадор | м.
Држава во Средна Америка.
салвета | ж.
салдира | св. и несв.
Изведе, изведува салдо, направи, прави салдо. На почетокот на годината ги салдираа сметките од претходната година.