серум | м.

Крвна сурутка ‒ водниот составен дел од крвта.

сесветски | прид.

Што е општ за целиот свет; сеопшт.

сесилен | прид.

Што има неограничена власт, сила, влијание, семожен. Сесилен владетел.

сесија | ж.

Заседанија на различни претставнички органи што се повторуваат периодично, периодот на таквите заседанија. Редовна сесија на судот. Работата на Конгресот се одвиваше по сесии. Симпозиумот работеше во две сесии.

сесловенски | прид.

Што се однесува на сите Словени, општословенски. Сесловенски конгрес.

сесојузен | прид.

Што е општ за целиот сојуз. Сесојузен конгрес на синдикатот.

сесрден | прид.

Што е направен од сè срце, наполно срдечен. Сесрден прием. Сесрдни усилби.

сестина | ж.

Во поезијата ‒ строфа од шест стиха.

сестра | ж.

Ќерка во однос на другите деца на исти родители. Браќа и сестри. Три сестри. Постара сестра. Најмалата сестра е најгалена.

сестран | прид.

Што има широко образование, што покажува интерес за многу области, што се разбира во многу дејности. Сестрана творечка личност.