серологија | ж.

Дел од бактериологијата што ги проучува серумите и нивните својства.

серолошки | прид.

Што се однесува на серумот и неговото испитување.

серотерапија | ж.

Лекување на инфективни заболувања со серуми.

серпентин | м.

Вид камен, минерал најчесто во зелена боја, прошаран со бели кривулести даги што наликуваат на змија, се употребува во градежништвото како украсен камен, за изработка на вази и сл.

серпентина | ж.

Пат со многу кривини, змиулест, обично на повисоки места.

серсем | прид.

Што е глупав, туп.

серсемин | м.

Глупак.

серт | прид.

Што е остар, лут; строг, жесток. Серт жена. Серт тутун.

сертификат | м.

Потврда, диплома. Сертификат за завршен курс за компјутери.

сертме | ср.

Вид мрежа за риболов.