сестроубиство | ср.

Убиство на своја сестра.

сет 1 | м.

Во тенис, пинг-понг и др. ‒ одделен дел од играта. Во првиот сет победи нашиот тенисер.

сет 2 | м.

Комплет: а) Од блуза и џемпер. б) Чинии, чаши и сл. в) Декоративна плетена или везена гарнитура.

сет 3 | зам.

сети 1 | св.

Почувствува; испита некакво чувство. Сети силна болка и од тоа се разбуди. Тој сети како му се потат рацете. Сети солено на јазикот.

сети се 2 | св.

Дојде на ум. Не се сети да го повика и него.

сетивен | прид.

сетики | прил.

Сетики ќе дознаеме нешто.

сетилен | прид.

Што се однесува на сетило. Сетилни центри. Сетилен свет. Сетилни сензации. Сетилна наслада. Сетилни органи.

сетило | ср.

Еден од петте органи кај човекот и кај животните преку кој се примаат впечатоците и дразбите од надворешниот свет (за вид, слух, допир, вкус, мирис). Сетило за вкус. Сетило за мирис.