сивкав | прид.

Што е малку сив, што има боја блиска до сивата. Сивкави влакна. Сивкаво веленце.

сивкаст | прид.

Сивкаста магла.

сиво- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење што има сива боја или сива нијанса: сивобел, сивожолт итн.

сивобел | прид.

Што е меѓу бел и сив, сив со бела нијанса. Сивобела кобила.

сивобрад | прид.

Што е со сива брада. Сивобрад старец.

сивожолт | прид.

Што е меѓу сив и жолт, сив со жолта нијанса. Сивожолта зачаденост.

сивожолтеникав | прид.

Што е сив со малку жолта нијанса. Сивожолтеникави куќи.

сивозелен | прид.

Што е сив со зелена нијанса. Сивозелена шапка.

сивозем | м.

Вид почва со сива боја.