сивоцрвеникав | прид.

Што е сив со црвеникава нијанса. Сивоцрвеникава земја.

сивоцрн | прид.

Што е сив и црн, сив со црна нијанса. Сивоцрни панталони.

сивчо | м.

За добиток ‒ што е со сива боја на кожата или на влакното.

сига | ж.

Фигура што се образува во пештери со цедење на водата.

сигла | ж.

Во стенографијата ‒ знак како кратенка со кој се означува слог или збор.

сигма | ж.

Буква од грчката забука.

сигнал | м.

Условен знак за предавње на соопштение, распоред и сл. Звучни сигнали. Светлосен сигнал. Даде сигнал.

сигнален | прид.

Што се однесува на сигнал кон зн.

сигнализатор | м.

Апарат за сигнализирање или негов дел.