сигнализација | ж.
Систем од сигнали што се употребува во одделни области. Железничка сигнализација. Светлосна сигнализација. Вертикална сигнализација.
сигнализер | м.
сигнализира | св. и несв.
Даде, дава сигнал, соопшти, соопштува со сигнал. Полицаецот сигнализираше со рацете во кој правец движењето е дозволено. Знакот сигнализира дека овде паркирањето е забрането.
сигналист | м.
Тој што дава сигнали. Сигналист на брод. Сигналист на железничка станица.
сигнатура | ж.
Ознака на корицата на книга што го означува местото за сместување во библиотеката.
сигнатурен | прид.
Што се јавува како сигнатура. Сигнатурен број.
сигнира | св. и несв.
Постави, поставува сигнатура.
сигур | прил.
Утре сигур ти носам.
сигурен | прид.
Уверен, убеден, што не се сомнева во нешто. Сигурен сум дека и тој беше присутен на состанокот. Јас сум сигурен во нејзината верност. Сигурен сум дека што кажа гласникот е чиста вистина.
сигурно | прил.
На сигурен начин. Настапува сигурно пред другите.