ситнотија | ж.
Нешто што има мала димензија, ситен предмет; ситнурија.
ситношарен | прид.
Што има ситни шари. Ситношарен килим. Ситношарена басма.
ситнурија | ж.
Ситни предмети, ситници. Разни ситнурии истури од чантата. Една кутија ситнурии. На подот имаше една черга, ѓум и некакви ситнурии.
сито | ср.
Направа за сеење зрнеста или прашковидна материја. Ситно сито. Сито за песок. Свилено сито.
ситовиден | прид.
ситопечат | м.
Ликовна техника на печтење низ фина мрежеста ткаенина.
ситуативен | прид.
Што се однесува на ситуација.
ситуационен | прид.
Што се однесува на ситуација. Ситуациски условено. Ситуационен план
ситуација | ж.
Збир од услови и околности, положба, состојба во кои некој или нешто се наоѓа. Фактичка ситуација. Безизлезна ситуација. Неудобна, непријатна, тешка ситуација. Безбедносна, политичка ситуација. Ќе се снајде во секаква ситуација. Говорна ситуација. Ситуација на теренот за градба.
ситуира | св. и несв.
Постави, поставува, намести, наместува, определи, определува место некому или на нешто.