Сицилија | ж.
Италијански остров во Средоземно Море.
Сијам | м.
Поранешно име на Тајланд, Азија.
сијарик | м.
Добра, радосна вест.
сињак | м.
Мали мразовни капки, кристали што се нафаќаат на дрвјата, тревата и др.; укит, иње. Полето осамна накитено со сињак.
сињелко | м.
Господ, тој што е на синото небо. Така рекол овој сињелко одозгора. Не правете вие ништо, та сињелко ќе ви помогне.
сиџим | м.
Врвка, потенко јаже; канап.
сиџимка | ж.
Скагерак | м.
Морски проток помеѓу Данска и Норвешка.
Скадар | м.
Град во Албанија.
Скадарско Езеро | ср.
Езеро во Црна Гора и Албанија.