скажува | несв.

Постојано, премногу зборува нешто, зборува сè и сешто.

сказна | ж.

Народна приказна, особено волшебна приказна. Сказните содржат најмногу елементи на првобитниот, митолошки начин на мислење и верување. Има една стара сказна. Дедо ми ни раскажуваше волшебни сказни.

скака | несв.

скакавица | ж.

Место каде што водата скака од камен на камен или друг вид височинка.

скакало | ср.

Водопад.

скакулец | м.

(зоол.) Инсект правокрилец од фамилијата Acrididae со два пара крилца и долги, силни задни нозе за скокање. Рој скакулци.

скала 1 | ж.

а) Преносна направа од дрво или метал направена од две паралелни долги гредички поврзани со попречни пречки по кои се гази, за качување и слегување. Се поткачи на скалата да ја дофати книгата. Премести ја скалата да ја наместам завесата. б) Секоја од попречните пречки по кои се гази; скалило.