славизира | св. и несв.

Направи некој да биде Словен по јазикот и обичаите, придава на нешто словенски карактер.

славина | ж.

Направа во облик на кратка цевка (дрвена, метална или стаклена), со затворач што го регулира испуштањето течности или гасови од некаков сад или од цевка. Ја отвори (затвори) славината. Позлатена славина. Славина на буре. Славина на чешма.

славист | м.

Специјалист по славистика. Меѓународен конгрес на славистите.

славистика | ж.

Наука што ги проучува словенските јазици, литератури и културата на словенските народи.

славистички | прид.

Што се однесува на славист и на славистика. Славистички студии. Славистичка наука.

Славонија | ж.

Област во Хрватска.

славопојка | ж.

Величање, обично неумерено на некого или на нешто. Му пее славопојки.

славофон | м.

Во политички текстови во врска со прашањето за Македонците во Грција ‒ лице што зборува на словенски јазик.

славољубец | м.

Човек што копнее за слава; славољубив човек.

славољубив | прид.

Што има силна желба, што тежнее, што копнее за слава. Славољубиви млади момчиња. Славољубив политичар. Славољубив владетел.