слабушкав | прид.
слабуњав | прид.
Што е телесно слаб; Слабуњаво дете.
слава | ж.
(само едн.) Сеопшто признание на нечии залуги, квалитети, заложби за општо добро или општествено признат авторски труд. Стекна слава борејќи се за слободата на својот народ. Се здоби со светска слава со својот последен роман.
славен | прид.
Што стекнал слава, многу прочуен, знаменит. Славна личност. Славен пејач. Славни ликови од нашата историја.
славеник | м.
Тој што се слави. На нашиот славеник му посакуваме долг живот. За животот и делото на славеникот зборуваа истакнати творци.
славенички | прид.
Што се однесува на слава и славеник. Славеничко расположение.
славеј | м.
Мала жолтеникавосива појна птица; Luscinia megarhynchos. Во долчето се слуша славеј.
славејски | прид.
Што се однесува на славеј. Славејски пој.
слави | св.
Оддава признание, воздигнува некого или нешто; прославува. Македонскиот народ ги слави своите борци за слобода. Војводата го слават во народни песни.
славизација | ж.
Чин на словенизирање. Славизација на топонимите.