сладина | ж.

Вкус на нешто што е слатко, благо. Сладина на грозјето.

сладникав | прид.

Што не е толку сладок, што наблажува. Сладникава манџа, без сол. Пиеја некое сладникаво вино.

сладок | прид.

Што има вкус својствен на шеќер, мед и сл.; благ; горчлив. Сладок мед. Слатка диња. Слатко грозје.

сладолед | м.

Многу изладена до замрзната слатка смеса обично од млеко, шеќер и јајца со разни додатоци од овошје и други ароми. Сладолед од ванила и чоколада. Овошен сладолед. Два сладоледа.

сладоледен | прид.

Што се однесува на сладолед. Сладоледна торта.

сладоледџија | м.

Лице што прави или што продава сладолед. Сладоледџијата поминува секој ден со својата количка полна со сладолед од ванила.

сладосен | прид.

Што е полн со сладост; што причинува задоволство, сласт, наслада. Сладосни морници. Сладосна умора. Сладосно чувство. Сладосен занес.

сладострасник | м.

Човек што е сладострастен, склон кон сетилни уживања. На млади години беше голем сладострасник.

сладострастен | прид.

Што има силна склоност кон сетилни уживања. Сладострастен човек.

сладострастие | ср.

Силен стремеж кон задоволување на половото чувство, кон сетилни наслади. Со сладострастие мислеше на идната средба.