сладун | м.
Вид даб; Quercus pubescens.
сладуњав | прид.
слалом | м.
Алпска скијачка дисциплина во која натпреварувачот се спушта со скии поминувајќи низ одреден број врати (капии).
слама | ж.
Исушени стебленца од разни видови жито што останува по вршењето. Оризова слама. 'Ржена слама. Ги наполни перниците со слама. Врз сламата послаа черга и си легнаа.
сламарица | ж.
Душек наполнет со слама. Спие на сламарица.
сламарка | ж.
сламарник | м.
сламарница | ж.
Плевна.
сламен | прид.
Што е направен од слама. Сламен покрив. Сламена шапка за сонце. Сламена гарнитура за седење. Сламен зембил. Сламена колиба.
сламеник | м.