слаткарство | ср.

Дејност, професија на слаткар. Училиште за слаткарство.

слатко | прил.

На сладок начин, пријатно. Слатко се изнајаде цреши. Слатко спиеше под лозницата во дворот.

слатко | ср.

Густо сварено овошје со шеќер. Слатко од вишни. Слатко од дуњи. Вари слатко.

слатководен | прид.

Што има слатка вода, обично за езеро или река. Слатководно езеро.

слаткогласен | прид.

Што има пријатен, нежен глас. Слаткогласна птица. Слаткогласна уста.

слаткозборен | прид.

Што зборува пријатно, умилно.

слаткозвучен | прид.

Што звучи пријатно, нежно, умилно. Слаткозвучна песна.

слаткопоен | прид.

Што пее убаво, пријатно. Слаткопојна птица. Слаткопоен славеј. Слаткопоен глас.

слаткоречив | прид.

Што умее да зборува убаво, интересно, пријатно; речовит. Слаткоречив говорник. Слаткоречив собеседник.

слач | м.

Сладок пријатен вкус; чувство, наслада, задоволство; Го сети слачот на благото јаболко. Јадењево нема слач. Живееше во светот на слач и милувки