слачен | прид.

Што има слач, сладина, што е сластен. Најслачни јаболка што некој ги пробал некогаш.

слајд | м.

Специјално подготвена фотографија за проектирање на екран. Ги гледаа слајдовите од патувањето.

слеан | прид.

Што е соединет, цврсто поврзан, составен. Слеано пишување. Силуетите слеани во ноќта се движеа нагоре надолу.

слева | несв.

слегне 2 | св.

Сталожи, смири. Прашината слегна на џадето. Тињата слегна и во водата се гледаа ситните рипчиња.

слегува | несв.

Се симнува од повисоко на пониско место. Слегува по скалите. Слегуваа по надолницата.