сливар | м.

Лице што бере или што продава сливи.

сливарник | м.

Место засадено со сливи, сливова градина. Задружен сливарник. Шетавме низ сливарниците над селото.

сливарски | прид.

Што се однесува на сливар и на сливарство. Сливарски реони.

сливарство | ср.

Земјоделска гранка што се занимава со одгледување и преработка на сливи; професија на сливар.

сливин | прид.

Сливини гранки. Сливин цвет во златна ваза.

сливица | ж.

Крајник, крајници. Воспаление на сливиците.

сливичка | ж.

Седевме под една сливичка.

сливка | ж.

Дем. од слива.

сливник | м.

Цевка низ која се одлева нечистата вода на када, лавабо и др. Го одзатна сливникот на кадата.