слепуток | м.
слепчо | м.
Обично при обраќање за човек што не ги согледува работите, што не ги сфаќа во нивната суштина. А, бре, слепчо ниеден, гледаш ли што правиш?
слепјак | м.
слет | м.
Голема приредба на членови на масовна организација, особено на гимнастичари, со цел да ги покажат своите вежби. Младински слет. Слет по повод Денот на младоста.
слета | св.
Со летање се спушти на нешто, се приземји. Испокиснати врапчиња слетаа во дворот. Птицата слета со собрани крилја. Пчелата слета на цветот.
слече | св.
Соблече облека, дел од облека од себе. Ја слече нечистата облека. Тој го слече палтото.
слив | м.
базен_1 По сливот на Брегалница.
слива | ж.
Овошно дрво со густа крошна, јајчести листови со заострен врв, бели ситни цветови и мали, тркалезни или долгнавести, коскести и сочни, месести плодови со темномодра, зелена, црвена или жолта лушпа; Prunus domestica. Се качи на сливата. Во дворот насади слива.
слива (се) | несв.
сливак | м.