смрда | св.
Одеднаш почне да мрда, замрда. Јарето смрда со нозете и се исправи.
смрдеа | ж.
Непријатна, тешко поднослива миризба, реа. Смрдеа од чад. Силна смрдеа.
смрдеж | м.
смрдеа.
смрделив | прид.
смрделика | ж.
Вид смрека; Juniperus sabina.
смрден | прид.
Што мириса тешко, непријатно, неподносливо. Смрдена рана. Смрдена облека.
смрди | св.
Направи нешто да смрди, остави нешто да се расипе, да добие лош мирис. Си ја смрдел колава од цигари. Посоли го месото, да не го смрдиш.
смрди | несв.
Испушта, има непријатна, неподнослива миризба. Тој смрдеше на лук. Собата смрди на мувла. Смрди на риба. Смрди на чад од цигари.
смрдија | ж.
смрдле | м.
Тој што смрди. Смрдле ниедно!