смолкне | св.

Со влечење симне, спушти нешто од високо. Ја смолкна косата и почна да коси. Ги смолкнаа сите трупци од планината.

смолница | ж.

Мрсна, леплива земја која не пропушта вода поради големото количество глина. Смолниците се тешки почви.

смолничав | прид.

Што е со карактеристики на смолница. Смолничава почва.

смолоса | св.

Намачка со смола; посмоли. Додека работеше, ја смолоса облеката.

смолчи | св.

Замолчи, не одговори, не каже ништо. Смолчи веќе еднаш!

смота | св.

Свие во клопче, намота на нешто. Ја смота преѓата во клопче.

смотра | ж.

Свечена војничка парада, дефиле.

смрамори | св.

Претвори во мрамор, во камен. Волшебничката ги смрамори сите во дворецот.

смрачи | св.

(безл.) Се најде, се затекне некаде кога настапи мрак. Кога дошол до селото, го смрачило. Ме смрачи во шумата.