снежец | м.
снежи | несв.
Паѓа снег. Надвор снежеше. Цел ден снежи.
снежинка | ж.
снежник | м.
Дол, јама каде што се задржуваат сметови снег што остануваат нерастопени и преку лето; снежен лед. Гледаше кон глечерите и снежниците.
снежнобел | прид.
Што има чиста бела боја, боја на снег. Снежнобел мрамор. Снежнобела главица. Снежнобел невестински фустан.
снежовица | ж.
Грутка снег.
снекбар | м.
Кафе-ресторан во кој се служат брзи, едноставни оброци. Се запознавме во еден снекбар.
снема | св.
Престане да има, се потроши. Овој месец снемавме пари. Тие снемаа дрва. На војниците им снема муниција.
снеможе | св.
Почувствува немоќ, слабост, изгуби сила. Снеможе од болка. Снемогол од замор и паднал.
снеможен | прид.
Што е немоќен, без сила. Снеможен старец. Снеможени раце.