соживее се | св.

Се зближи, се здружи, се навикне на заеднички живот со некого. Се соживеа со станарите. Се соживеаја со новите соседи.

сожител | м.

Жител на едно место во однос на другите жители од истото место. Нашите сожители се чесни луѓе.

сожителство | ср.

Заедничко живеење, постоење. Блиско сожителство.

созборува се | св.

Се договори. Се созборуваа што да прават.

созвучен | прид.

Што звучи сложно, хармонично со друг звук. Созвучни гласови.