содржински | прид.

Што се однесува на содржина. Содржинска поента. Содржински сличности.

соединение | ср.

(арх.) соединување.

Соединети Американски Држави | и.

Држава во Северна Америка.

соедини | св.

Сврзе, поврзе повеќе работи. Детето ги соедини коцките. Тој ги соедини цевките.

сожали | св.

Покаже, изрази жалење кон некого. Го сожали соседот и му даде пари на заем. Те сожалив зашто си многу наивен.

сожалив | прид.

Што изразува сожалување. Сожалив поглед. Сожалив глас.