спојме | св.
Науми, намисли нешто. Тој спојмил да го смени занимањето.
спојник | м.
спојница | ж.
Тоа со коешто се спојува, се поврзува, се составува нешто, спојка.
справа | ж.
справедлив | прид.
Што е праведен, правичен. Строг но справедлив човек. Справедливи одлуки.
справи се | св.
Излезе на крај, совлада пречки, тешкотии. Toj се справи со проблемите на работното место. Полицајците ефикасно се справија со побунетите затвореници.
спрасна | прид.
За свиња ‒ што носи плод, што треба да се опраси.
спрасност | ж.
Состојба кога свињата носи плод, од оплодувањето до опрасувањето.
спраши | св.
спрашти | св.
Избега, се загуби без трага, исчезне, го снема. Децата го забележаа полјакот и ја спраштија. Родителите заспаа и таа ја спрашти оддома. Го јавнал моторот и спраштил.