спотаен | прид.

спотера | св.

Потера добиток, дивеч, згони. Трагачите ги спотераа коњите по патот. Момчето ги спотера козите нагоре кон шумата. Волкот ги спотера овците.

спотина | несв.

спотне 1 | св.

Подбуцне, расчепка оган подобро да гори.

споулави | св.

Направи, предизвика некој да стане улав или да се однесува како улав. Вревата го споулави старецот.

спој | м.

Поврзување, соединување, составување. Мозаичен спој. Спој на искуството и младоста. Синтагматски споеви.

спојка | ж.

Тоа со коешто се спојува, се поврзува, се составува нешто.

спојлив | прид.

Што може да се спои; сврзлив. Спојливи елементи.