статусен | прид.

Што се однесува на статус. Статусно право. Статусни разлики.

статут | м.

Општ правен акт сообразен со законот со кој се пропишува организацијата и функционирањето на работните и стопанските организации, на установите и политичкотериторијалните заедници, како и правата и должностите на нивните припадници.

статутарен | прид.

Што се однесува, што припаѓа на статут. Статутарна одредба. Статутарни измени.

стафида | ж.

Суво грозје.

стафилококи | и.

Бактерии што се групираат во форма на грозд и предизвикуваат гнојни заболувања на кожата и на слузницата.

стафитка | ж.

Исушено грозје од сонцето додека е на лозата.

стационар | м.

Диспанзер за болни со легла, болничко прифатилиште.

стационарен | прид.

Што се однесува на стационар. Стационарен лекар. Стационарно лекување.

стационира | св. и несв.

Постави, поставува, смести, сместува нешто на определено место. Пчеларот ги стационира сандаците со пчели во реонот близу боровата шума.

стациониран | прид.

Што не се движи, неподвижен, што останува на едно место, постојано или привремено. Стациониран брод. Стационирана приколка. Стациониран болен.