стимулација | ж.

Поттикнување за забрзано извршување на нешто. Економски мерки за стимулација на производството. Стимулација за вложениот труд на учениците.

стимулира | св. и несв.

Поттикне, поттикнува, подбуди, подбудува. Афирмацијата на доброто стимулира развој на подобро. Тој наставен метод ја стимулира активноста на учениците.

стине | несв.

Се лади, постепено станува ладен. Стине водата. Стине филот во фрижидерот.

стинее | несв.

стипендира | св. и несв.

Даде, дава стипендија некому. Универзитетот стипендира десет најдобри студенти.

стипендија | ж.

Месечна парична помош на ученици и студенти што се наоѓаат на редовно школување или на лица што се на специјализација или стручно усовршување и други видови школување. Универзитетска стипендија. Кралска стипендија. Стипендија од посебна фондација. Ученички стипендии.

стипендијант | м.

Тој што прима стипендија

стипса | ж.

(само едн.) Вид хемиско соединение, средство за дезинфекција на кожата и за спречување на крвавење.

стипсоса | св.

При бојадисување ‒ стави стипса во водата.