стогодишник | м.

Човек што има сто години. Жилав стогодишник.

стогодишнина | ж.

Годишнина од настан што се случил пред сто години. Стогодишнина од раѓањето на поетот.

стодинарка | ж.

Банкнота од сто динари во поранешна Југославија. Ги редеше на една страна илјадарките, на друга стодинарките.

стодневен | прид.

Што трае или што може да трае сто дена. Стодневни резерви.

стодрам | м.

Сто драма. Стодрам алва. Стодрам шеќер. Стодрам ракија.

стодрамник | м.

Сад што собира сто драма.

стодрамница | ж.

Сад што собира сто драма течност.

стоенка | прил.

Стоејќи на нозе. Стоенката направивме едно чудо муабет за дома. Од стоенка договоривме сè што треба за празникот