стоечки | прил.
Од стоење, стоејќи на нозе; стоенка и стоенката. Стоечки испивме по една.
стожер | м.
Дрво забодено сред гумно околу кое се вртат коњите при вршење на житото. Коњите трчаа околу стожерот. Ги наредивме снопјето околу стожерот.
стожерен | прид.
Што се однесува на стожер_2 Стожерно место во неговото творештво. Стожерни симболи. Стожерен лик во нашето народно творештво.
стои | несв.
Се наоѓа во исправена положба, е на нозе, не мрда од местото; седи. Келнерот стоеше, само очите му шетаа по гостите. Многу посетители стоеја и така до крај ја следеа претставата. Стоев во ред пред касата за да платам.
стоик | м.
Приврзаник на стоицизмот.
стоилјаден | бр. прид.
Што брои сто илјади. Стилјаден тираж. Стоилјаден град.
стоицизам | м.
Правец во античката филозофија.
стоички | прид.
Што се однесува на стоици Стоички карактер.
стока | ж.
Производ наменет за размена, за продажба, за пазар, а не за сопствена потрошувачка на производителот. Продавачите гласно ја нудеа својата стока. Тој набавува стока од најдобрите производители. Индустриска стока. Стока за извоз. Луксузна стока. Колонијална стока.
стокми | св.
Се подготви, се дотера да изгледа убаво, прибрано. Го стокми детето и го пушти на училиште.