самрак | м.

Слаб мрак, полумрак пред изгревање или по заоѓање на сонцето. Ран самрак. Есенски самрак. Тргнаа во самракот за да стасаат навреме.

самрачен | прид.

Што се однесува на самрак. Самрачен ветер.

самти | прил.

самува | несв.

Живее сам, одделен од луѓето. Во младоста имаше многу пријатели, а во староста самуваше. Самуваа двајцата на два краја од градот.

самур | м.

(зоол.) Вид сибирско животно, слично на куна, со скапоцено крзно; Martes cibellina.

самурај | м.

Припадник на кастата витези во феудална Јапонија.

самурен | прид.

Што се однесува на самур; што е од самур.

самурлија | прид.

Што е од кожа од самур. Капа самурлија.

самјак | м.

Машко, полово дораснато зрело животно што живее само. Елен самјак.

сан | м.