самохипноза | ж.

Хипноза спроведена врз самиот себеси.

самохран | прид.

Што е сам, без никого и сам се грижи за себе. Самохран родител.

самоцел | ж.

Тоа што се јавува како цел сама за себе, а не како средство за постигнување нешто. Јасна самоцел. Играта како самоцел.

самоцелен | прид.

Што е цел сам за себе. Самоцелна поезија. Самоцелна уметност.

самоцензура | ж.

Цензура над самиот себеси, воздржување од објавување на текст што може да предизвика некакви реакции. Самоцензурата е присутна кај некои автори од постарата генерација.

самочувство | ср.

Чувство што се јавува само од себе, од сопствената физичка состојба и од своето душевно расположение.

самољубец | м.

Тој што се сака само себеси; егоист. Тој е уметник самољубец.

самољубив | прид.

Што се одликува со самољубие. Самољубива личност. Самољубив владетел.

самољубие | ср.

Чувство за сопствена висока вредност и пречувствителност кон туѓото мислење за себеси. Празно самољубие. Тоа што го слушна му годеше на неговото самољубје. Роб на сопственото самољубје