сангвиник | м.
Тој што има сангвинична природа, што е со жива, весела, бујна, избувлива природа. Сангвиникот тешко се воздржува.
сангвиничен | прид.
Што е жив, буен, избувлив;
сандак | м.
Направа од дрво или метал со поклопец за чување облека, продукти и сл.; ковчег. Дрвен сандак со шари. Сандаци со муниција. Килимите ги чуваше во стариот сандак. Сандаци со пчели.
сандаклија | прид.
Што има форма, што личи на сандак.
сандала | ж.
Вид лесна летна обувка. Женски сандали. Кожени сандали. Сандали со врвки.
сандалија | ж.
Стол. Дрвена сандалија.
сандолина | ж.
Вид тесен и плиток чун. Лесна сандолина. Сандолина со еден веслач.
санира | св. и несв.
(мед.) Излечи, лекува некого. Лекарите ги санираа повредите.
санитар | м.
Здравствен работник од помошниот медицински персонал, болничар. Работеше како санитар во болницата.
санитарен | прид.
Што се однесува на здравје, хигиена; здравствен, хигиенски. Санитарен материјал. Санитарна инспекција. Санитарни мерки.