санитет | м.

Јавни установи што се грижат за чување на здравјето и за нега на болните.

санка | несв.

Влече на санка некого. Тој го санкаше своето братче.

санка | ж.

Направа од дрво, метал, пластика за лизгање на снег. Детска санка. Дрвена санка.

санкање | ср.

Глаголска именка од санка.

санки | прил.

санким | прил.

Божем, како да, небаре. Санким тој не греши. Се дотераа санким на гости ќе одат.

санкир | прил.

Санкт Петербург | м.

Град во Русија.

санкционира | св. и несв.

Одобри, одобрува, потврди, потврдува; санкција 2. Определи, определува санкции; санкција 2 и 3.

санкција | ж.

Одобрување, потврдување на полноважноста на некој акт на пониската власт од страна на повисоката.