сукнен | прид.
Што е од сукно. Сукнен џамадан. Сукнени чакшири. Сукнена облека.
сукно | ср.
Вид дебела, мека волнена ткаенина добиена со пресување. Носи наметка од зелено сукно. Се покрија со дебелото сукно. Работеше во фабрика за сукно.
сукрвица | ж.
Водникава крв со гној или слуз што се цеди од рана. На завојот имаше сукрвица.
сукрвичав | прид.
Што има изглед, својства на сукрвица. Сукрвичава течност. Сукрвичава рана.
сукцесивен | прид.
Што следува непосредно едно по друго, постапен, непрекинат. Сукцесивен развој. Сукцесивни искуство.
сукцесија | ж.
Последователност, ред предмети, настани, случувања што следат еден по друг.
сукња | ж.
сулин | м.
Мраз, смрзната вода. Сулин и влага оздола апат.
сулинар | м.
Ќунк. Сулинарите од ќумбето треба да се исчистат.
сулиндар | м.