сукало | ж.

Дрвено цилиндрично стапче со кое се сучат кори

сукаловица | ж.

Гранка за правење сукало, стап во форма на сукало. Букови сукаловици.

сукан | прид.

Сукана волна. Сукан баник.

сукар | м.

Дебел, повеќе пати усукан синџир.

сукарда | м.

Дел од машка народна носија.

сукнар | м.

Тој што произведува или што продава сукно.

сукнарство | ср.

Во текстилната индустрија ‒ гранка што се занимава со изработка на сукно.

сукне | св.

Сукна некоја кора за ручек.