сурогат | м.
Тоа што заменува нешто друго со кое има заеднички својства. Сурогат на кафе. Нафтен сурогат.
суртук | м.
Скитник, безделник.
сурутка | ж.
Киселкава течност што се изделува од млекото при потсирување сирење.
су'ршка | ж.
Пченица што е измешана со 'рж.
сус | прил.
Исправено. Стои сус пред него.
сус! | изв.
За упатување груб прекор, закана, строг повик за покорност, послушност.
Суса | ж.
Град во Тунис.
сусам | м.
Едногодишно маслодајно растение со ситно семе кое се користи во исхраната; Sesamum indicum.
сусамка | ср.
Вид солено печиво (обично кифла) прекриено со сусам.
сусамџија | м.
Тој што произведува или што продава сусам.