суспендира | св. и несв.

Привремено отпушти, отпушта од служба, отстрани, отстранува од клуб, организација и сл. Поради корупција го суспендираа од работа. Клубот го суспендира спортистот.

суспендиран | прид.

Што е отпуштен привремено од работа поради водење доказна постапка. Суспендиран полицаец.

суспензивен | прид.

Што запира, задржува, одложува нешто. Суспензивна сила.

суспензија | ж.

Суспендирање, привремено отпуштање, отстранување од служба и сл.; одлагање на законска важност.

сустапи | св.

Запре, задржа. Сустапи војска/Петре Војвода.

сутерен | м.

Дел од куќа, зграда и сл. што се наоѓа под приземјето. Магацински простории во сутеренот. Соседите го издадоа под наем сутеренот од куќата.

сутина | несв.

сутлијач | м.

Вид јадење од ориз варен во млеко, шеќер и зачини (ванила, канела и сл.)