сушина 2 | ж.

Само во изразот му тера сушина/спотера сушина ‒ прогонува некого, го зеде на заб.

сушица | ж.

Туберкулоза на белите дробови.

сушичав | прид.

Што е болен, што боледува од сушица.

сушница | ж.

Место каде што се суши облека, плодови, габи и сл.

сушт | прид.

Несомнен, вистински. Сушта спротивност.

суштествен | прид.

Што ја прави суштината на нешто, што е главно обележје, основен, главен; битен. Суштествен проблем. Суштествена карактеристика. Суштествено прашање. Суштествени докази.

суштество | ср.

Тоа што живее, човек, животно. Живо суштество. Крилато суштество. Суштества од друга планета. Невино суштество.

суштествува | несв.

Постои, живее, егзистира.