Сухуми | ср.

Главен град на Абхазија.

суче | несв.

Танчи, развива, развлекува тесто со сукало, прави кора. Жените се собираа и сукаа јуфки. Мајка ми сучеше многу танки кори за баклава.

сучен | прид.

За јадење од тесто ‒ што е подготвен со сучење. Сучена пита. Сучени кори.

сучено | ср.

Јадење подготвено од сучено тесто. Денес имавме сучено за ручек.

сучка | ж.

сачка, деланка.

сучкоса се | св.

Стане сучка, се направи сучка, многу ослабе.

суџук | м.

Дебел колбас приготвен од зачинето мелено или сечкано говедско месо.

суша | ж.

Време без врнежи, суво време. Голема суша.

сушелка | ж.

Исушен плод од овошје (обично слива, кајсија, јаболко, круша).