сапуни | несв.

Мачка со сапун; Пред да се бричи, го сапунеше лицето. Го сапунеше своето витко тело.

сапуниса | св.

Намачка со сапун. Ја сапуниса косичката на бебето.

сапуница | ж.

Бела пена добиена од сапун и вода. Меур од сапуница. На лицето имаше остатоци од сапуница.

сапунски | прид.

Што се однесува на сапун.

сапунче | ср.

Дем. од сапун.

сапунџилница | ж.

Дуќан, работилница каде што се произведува и продава сапун.;

сапунџија | м.

Тој што прави и продава сапун;

сарабанда | ж.

Стар шпански и француски народен танц.

сарага | ж.

Вид ситна, слатководна риба; Alburnus scoranza.

Сараево | ср.

Главен град на Босна и Херцеговина.