сарак | м.
Долг стап за потпирање на жица за спростирање алишта.
сарандар | м.
Молитва што се чита секојдневно до 40 дена од смртта на покојникот.
сараф | м.
Тој што се занимава со менување пари; банкар.
сарафин | м.
сарафлак | м.
Занимање на сараф. Сарафлакот слабо му одеше.
Сарацен | м.
Генеричко име за муслиманите во средновековна Европа.
сарач | м.
Тој што изработува производи од кожа како узди, амови, седла и сл. Во чаршијата останаа уште неколку сарачи. Отиде кај сарачот да порача седло.
сарачлак | м.
Занимање на сарач. Родителите го дадоа на сарачлак.
сарачница | ж.
Сарачки дуќан.
сарај | м.
Голема убава куќа на великодостојник во времето на турското владеење; дворец. Раскошен сарај. Сарај на султанот.