садноса | св.
Добие садно. Магарето садноса од претешкиот товар.
садовина | ж.
Земја што не пропушта вода.
садомазохизам | м.
Полова изопаченост со присуство и на садистички и на мазохистички елементи.
садразам | м.
Голем везир.
садријазам | зам.
саем | м.
Повремена средба, на едно место и во определено време, на продавачи на стоки и услуги заради излагање на определени или на различни производи (саем на автомобили, саем на техника) и заради склучување трговски зделки.
саемски | прид.
Што припаѓа, што се однесува на саем. Саемска хала. Саемски стоки. Саемски водич. Саемски попуст.
сажен | м.
Стара мерка за должина од околу два метра. Сонцето беше на два сажни од ридот. Брегот се гледаше на десет сажни од него.
саз 1 | м.
Растение што живее на мочурливи места; Typha latifolia.
саз 2 | м.
Музички инструмент, вид лаута. Свирач на саз.