саем | м.
Повремена средба, на едно место и во определено време, на продавачи на стоки и услуги заради излагање на определени или на различни производи (саем на автомобили, саем на техника) и заради склучување трговски зделки.
саемски | прид.
Што припаѓа, што се однесува на саем. Саемска хала. Саемски стоки. Саемски водич. Саемски попуст.
сажен | м.
Стара мерка за должина од околу два метра. Сонцето беше на два сажни од ридот. Брегот се гледаше на десет сажни од него.
саз 1 | м.
Растение што живее на мочурливи места; Typha latifolia.
саз 2 | м.
Музички инструмент, вид лаута. Свирач на саз.
саздрма | ж.
Јадење од месо;
саја | ж.
Вид дебела чоја.
сајбија | м.
Сопственик; господар. Тој е сајбија на нивата. Куче без сајбија.
сајгилак | и.
Почитување, уважување.
сајдиса | св.
Уважи, одобри. Сајдисаа некое време детето да остане кај нив. Тој не го сајдиса студот и продолжи.