себореја | ж.
Кожна болест со преголемо лачење на лојните жлезди што доведува до опаѓање на косата.
севап | м.
севаплија | прид.
севапчија | м.
севастократор | м.
Во средниот век ‒ титула на висок државен достоинственик; лице со таква титула; принц.
Севастопол | м.
Град на Полуостровот Крим.
севда | ж.
Љубов кон лице од спротивниот пол, љубовен копнеж. Прва севда. Голема севда имал по вдовицата.
севдалинка | ж.
Народна љубовна песна со ориентални мелодиски примеси, исполнета со копнеж и страст. Чалгаџиите свиреа и пееја севдалинки.
севдалински | прид.
Што има карактер на севда. Севдалиски пеења
севдалија | прид.
Заљубен; љубовен. Да се сторам севдалија.