севтоса | св.
сега | несв.
Подава рака да дофати нешто. Децата напразно сегаат по бонбоните.
сега | прил.
Во овој момент, во сегашно време. Сега не можам да станам. Сега работам на новата книга. Сега не сакам, инаку јадам лубеница.
сегашен | прид.
Што се однесува на времето во кое се живее, на актуелниот момент. Сегашниве деца сè знаат. Сегашната состојба е добра.
сегашнина | ж.
Сето тоа што претставува сегашно време и што се случува во времето во кое се зборува. Живеј во сегашнинава.
сегде | прил.
сегмент | м.
Еден од деловите на кои е нешто поделено или може да се подели. Еден од тие сегменти бара посериозен пристап. Завршен сегмент на песната. Два различни сегмента.
сегментален | прид.
сегментација | ж.
Делење на делови, на сегменти. Сегментација на текстот.
сегментен | прид.
Што се однесува на сегмент, што има форма на сегмент. Сегментна површина.