сегментира (се) | св. и несв.

Дели, подели или се дели, се подели на сегменти.

сегне | св.

Подаде рака да дофати, да земе нешто. Сегна рака во пазува. Тој сегна во торбата.

сегрегат | м.

Тоа што е одделено, отстрането, различно.

сегрегација | ж.

Издвојување, одделување и ограничување на правата на делови од населението врз основа на раса, вера, пол и сл. Расна сегрегација. Социјална сегрегација. Национална сегрегација.

сед | прид.

За коса, брада и сл. ‒ што е со бела, побелена коса. Седа коса. Седава брада

седало | ср.

Дел од стол, клупа и сл. каде што се седи. Задно седало на пајтонот. Столови со плетени седала од трска.

седатив | м.

Средство за смирување на нервниот систем.

седативен | прид.

Што се однесува на седатив.