седмичен | прид.

Што се јавува, што се прави или се произведува еднаш во неделата.

седмичник | м.

Весник, списание што се појавува еднаш седмично; неделник. Прилогот излезе во еден седмичник.

седмобој | м.

Атлетски натпревар, најчесто за жени, во кој натпреварувачите учествуваат во седум дисциплини.

седмоглав | прид.

Што има седум глави. Седмоглав змев. Седмоглаво чудовиште.

седмокласен | прид.

Што се состои од седум класа, што е од седум класа. Седмокласно образование.