седлест | прид.

Што има форма на седло.

седло | ср.

Кожено седало што се става на коњ при јавање. Дамско седло.

седловина | ж.

Ниска месност на планинско било; преслап;

седмак | м.

Добиче на седум години.

седмаче | ср.

Дете родено во седмиот месец од зачнувањето, недоносче.

седмерец | м.

Стих од седум слога.

седми | бр.

Што е по ред зад шестиот, редна бројна придавка според бројот седум.

седмина | бр.

Седум мажи или седум мешани лица, и мажи и жени;

седмина | ж.

Еден дел од целината разделена на седум еднакви дела.

седмица | ж.

Недела, седум дена во неделата.