седумаголник | м.
Многуаголник со седум агли.
седумгодишен | прид.
Што е на седум години. Седумгодишно дете. Седумгодишно девојче.
седумгодишник | м.
Дете што има седум години. Седумгодишниците седнаа во училишните клупи.
седумгодишнина | ж.
Годишнина од настан што се случил пред седум години. Седумгодишнина од бракот.
седумгодишница | ж.
седумделен | прид.
Што има седум дела. Листот е седумделен.
седумдесет | бр.
Основен број за определена бројност, седум пати поголем од десет; се бележи со бројката 70. Седумдесет километри. Седумдесет дена.
седумдесетгодишен | прид.
Што има седумдесет години, што е на седумдесет години.
седумдесетгодишник | м.
Човек што има седумдесет години.
седумдесетгодишнина | ж.
Годишнина од настан што станал пред седумдесет години.